ул.Скупи бр.28, 1000 Скопје, Република Македонија
+389 2 3097-004
+389 2 3097-118

Актуелности

Информација за извршената втора работилница на техничката работна група за Прелиминарна проценка на ризикот од поплави во сливот на реките Дрим и Бојана, компонента во рамки на проектот на ГИЗ (PN(GIZ):16.2019.4-001.00) – „Прилагодување на климатските промени при прекуграничното управување со ризик од поплави во земјите од Западен Балкан“, која се одржа во Скадар, Албанија на 7 и 8 Ноември 2018 година.

На состанокот покрај организаторите од ГИЗ и преставници на ХМС од регионот, присуствуваа претставници од Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, како и експерти од Германија и од Балканот поканети од ГИЗ.

Покрај сеопфатната индикативна проценка на ризикот од поплави, оваа компонента има за цел да ги покаже “областите со потенцијално значаен ризик од поплави” (“areas of potentially significant flood risk” (APSFR), според Директивата за поплави од ЕУ) и документацијата на транснационални мерки за идно управување со ризикот од поплави, за поддршка на следните активности во рамки на  сливот на р.Дрим.

На работилницата следеа:

  • Презентација и завршна дискусија за резултатите од Прелиминарната проценка на ризикот од поплави (ППРП) за сливот на Дрим/Дрим-Буна/Бојана.
  • Дискусија и согласност за изготвените транснационални мерки за управување со ризикот од поплави.
  • Изгледи и технички дискусии за следните чекори за управување со ризикот од поплави според Директивата за поплави во ЕУ (на пример, мапирање со ризик од поплави и мапирање ризици, планирање на управување со ризикот од поплави, и реализација на мерки).

На работилницата беше подржана меѓународната соработка за управување со ризикот од поплави во речниот слив на р.Дрим.



Izvestaj_Skadar_GIZ_20181107