ул.Скупи бр.28, 1000 Скопје, Република Македонија
+389 2 3097-004
+389 2 3097-118

Галерии

Демир Капија

На метеоролошката станица во Демир Капија заменет е кровот од керамиди со нов од пластифициран ребраст лим, изработена е енергетски ефикасна фасада и заменети се старите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци.

Ѓуриште

Направена е целосна поправка, надградба и сервисирање на радарскиот систем во Ѓуриште, со што ќе се овозможи квалитетен радарски мониторинг и навремено јавување на опасни временски појави.
Благодарение на новиот систем земјоделците ќе можат навремено да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди. Вкупната инвестиција изнесуваше 3 милиони денари, кои беа обезбедениод буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ируралниот развој.

Крива Паланка

После 70 години од изградбата, објектот на метеоролошката станица во Крива Паланка, се реновираше.
Главната метеоролошка станица во Крива Паланка, е дел од мрежата на станици на Метеоролошкиот набљудувачки систем, на Република Македонија.
Oвој објект важел за еден од најрепрезентативните објекти, но 70 години бил оставен на забот на времето, исправноста на инструментите беше загрозена.
На барање на Управата за хидрометеоролошки работи, Владата на Република Македонија, донесе одлука за обезбедување на 2 милиони денари од буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за реновирање на станиците во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, и 3 милиони денари за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.

Штип

На метеоролошката станица во Штип, интервенирано е на кровот, изработена е енергетски ефикасна фасада и старите дрвени прозорци се заменети со нови ПВЦ прозорци.