Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 22.04.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Прогноза за 23.04.2024
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 24.04.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 19°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.
20.04.2024
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Управата за хидрометеоролошки рабoти е орган во состав на Министерството за земјоделство.
Управата за хидрометеоролошки рабoти, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер како правно лице објавува листа на имател на информации, што се создадени и се во сопственост на Управата.
УХМР објавува хидролошки, метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки информации, дава анализа и прогноза на време.
– м-р Ивица Тодоровски,
Директор на УХМР
Изберете од понудената листа на линкови за да дознаете повеќе информации за бараната информација.