Сектор за прогноза и предупредување (в.д. раководител државен советник Раде Балабаноски)
-Одделение за анализа и прогноза на време
-Одделение за радарски мониторинг и најава на опасни временски појави
-Одделение за информатика и техника
Опис на работата на Секторот
-
прием, контрола, размена и обработка на хидрометеоролошки податоци;
-
перманентно следење и анализирање на временската состојба на подрачјето на Република Македонија, Европа и светот;
-
изработка на краткорочни, среднорочни и долгорочни временски прогнози;
-
посебна анализа на појавите кои можат да предизвикаат временски непогоди и благовремено најавување и предупредување за интензитетот, времето и подрачјето кое ќе биде зафатено
-
перманентно радарско и сателитско набљудување на атмосферата;
-
истражувања во областа на радарска метеорологија и физика на облаци; радарска процена на врнежите, радарски набљудувања за потреби на хидрологија и модификација на времето;
-
активности што се поврзани со телекомуникацискиот систем, радарските системи и примена на информатичката технологија.