Метеорологија





СЕКТОР ЗА МЕТЕОРОЛОГИЈА
–Одделение за метеоролошки мерења и набљудувања
–Одделение за метеоролошка база на податоци
–Одделение за климатологија и климатски промени
– Одделение за агрометеорологија
–Одделение – метеоролошка лабораторија
Опис на работата на Секторот:
воспоставување, изградба и одржување на мрежа на метеоролошки станици,
метеоролошки набљудувања и мерења за потребите на временската прогноза, климатологијата, агрометеорологијата и специјални метеоролошки набљудувања во мрежата на метеоролошки станици,
основна обработка и архивирање на забележаните податоци,
следење на компонентите на климатскиот систем и примена на резултатите во земјоделството, шумарството и другите области на науката и стопанството, како и следење на сушите и опустинувањето на почвите,
контрола на точноста и баждарење на метеоролошките инструменти.