Меморандум за соработка-кампања ” Разбистри се’ “

Денес, на Светскиот ден на води 22 март, се одржа зоом состанок, со претставници од ИКС, ИТ компанија Акринум и УХМР, за поврзување и брифирање во врска со изработката на софтверската алатка за УХМР.
Тргнувајќи од заедничкиот интерес за заштита на животната средина и за водење политики кои промовираат одржливо користење на природните ресурси, Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Управата за хидрометеоролошки работи се согласија да потпишат Меморандум за соработка како дел од Алијансата за кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сé!“.
Како главна активност е изработка на Софтверска алатка за класификација на физичко-хемиски елементи, како поддршка на биолошките елементи, со кои се дефинира еколошката состојба на квалитет на вода.

Leave a reply


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.