НЕФОРМАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИ НА НАЦИОНАЛНИ ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ СЛУЖБИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (ICSEED-18) 3-6.11.2019 Тел Авив, ИЗРАЕЛ

Директорот на Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија, М-р Ивица Тодоровски, како досегашен Претседател на НЕФОРМАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИ НА НАЦИОНАЛНИ ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ СЛУЖБИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (ICSEED-18), со поздравен говор го отвори состанокот, ги информираше присутните за активностите на УХМР во измината година.  Потоа, Претседателството со Конференција го предаде на Директорот на Израелската Метеоролошка служба, г-дин Нир Став.

Директорите на националните Хидрометеоролошки служби во Југоисточна Европа и Блискиот исток се состанаа за да се договорат  за размена на хидролошки и метеоролошки податоци, информации, предвидувања и предупредувања во рамките на  ВТОРАТА ФАЗА НА ПРОЕКТОТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА РАНА НАЈАВА НА НЕПОГОДИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (SEE-MHEWS-A).

https://public.wmo.int/en/media/news/data-exchange-improves-early-warnings

SEE-MHEWS-A ќе ги овозможи резултатите од нумеричките модели за предвидување на времето достапни на земјите учеснички. Подобрената прогноза на времето ќе им помогне на земјите да  се подготват за интензивни врнежи од дожд, ветер, град, снег и екстремни температури. Моделите за предвидување на времето ќе обезбедат и квантитативни прогнози на врнежи за подобра прогноза на поплави.

Leave a reply


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.