Од денешната посета на Ѓуриште

Со помош на новата метода со авионско засејување на облаците, во текот на вчерашниот ден, повторно беше спречена појава на град во повеќе региони во државата. #УХМР активно ја пратеше облачностa и движењето на градоносните облаци, преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште и на загрозените подрачја интервенираше со авионско засејување на облаците. Со брзата и прецизна интервенција, во повеќе региони е спречена појава на град и заштитено е земјоделското производство.
Во целиот процес за заштита од временски непогоди, клучни се радарските системи за добивање на навремени и точни податоци за временската прогноза. Денеска министерот Трајан Димковски, заедно со директорот на УХМР Ивица Тодоровски го посетија радарскиот центар Ѓуриште, во Свети Николе, којшто долги години не работеше. Пред две години е поправен и надграден. Токму, надградениот радарски систем овозможи навремена прогноза на појавата на нестабилната воздушна маса која во текот на вчерашниот ден ја зафати територијата на нашата држава и која постепено се поместуваше од југо-запад кон северо-исток, а со помош на авионското засејување на облаците се спречи појавата на град.

Leave a reply


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.