Потпишан Меморандум за соработка меѓу Управата за хидрометеоролошки работи и Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП

На ден 26.02.2019 година беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Управата за хидрометеоролошки работи и Програмата за развој на Обединетите Нации. Целта на овој мемомрандум е започнување на проект во висина од 500.000,00 евра.

Проектот е поделен во 3 фази.

Првата фаза започнува веднаш со инсталирање на автоматски метеоролошки дождомерни и хидролошки станици во вредност од 170.000,00 евра.

За втората и третата фаза е планирана инсталација на најсовремени ласерски инструменти од кои ќе се добијат метеоролошки параметри на различни висински пресеци на атмосферата.

Соработката продолжува со воспоставување на сличен систем и во сливот на реката Црн Дрим кој проект би опфаќал инсталирање на опрема во висина од 400.000,00 долари.

Договорот го потпишаа директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, м-р Ивица Тодоровски и постојаниот претставник на УНДП во Mакедонија, г-ѓа Нарине Сахак Јан, а на потпишувањето присуствуваше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски.

Leave a reply


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.