Учество на Република Северна Македонија на 26-то Собрание на ЕУМЕТНЕТ

Во периодот од 17-18 мај, Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија учествуваше на 26то Собрание на ЕУМЕТНЕТ (Европска организација на 31 европска национална метеоролошка служба, која обезбедува рамка за организирање на кооперативни програми помеѓу нејзините членки во различни области на основните метеоролошки активности. Овие активности вклучуваат системи за набљудување, обработка на податоци, основни продукти за прогноза на времето, истражување, развој и обука).
Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија, како полноправна членка, го поддржа усвојувањето на Стратегијата на Европските национални метеоролошки и хидролошки служби за период 2021-2025 год.
Со Стратегија се воспоставуваат четири приоритетни области на делување, за кои се смета дека заедничкиот пристап во организацијата би имал додадена вредност на крајната цел и покрај тоа што секоја ХМС има свој национален мандат.
Така, колективните активности ќе се фокусираат на: Податоците од набљудувањата и прогнозите/предвидувањата; Науката, технологијата и инфраструктурата; Партнерствата и Комуникацијата/влијанијата. Во секоја од наведените области се усвоени конкретни акции, како и механизам за мониторинг на напредокот и евалуација во следните 4 години.
Една од посебно значајните придобивки од членството на УХМР во ЕУМЕТСАТ е учеството во МЕТЕОАЛАРМ Програмата, кој претставува интегриран систем за предупредувања во 31 европска земја.
Овој систем е воспоставен во 2007 год., и најновите технички усовршувања се во тек, така да најновата верзија на Метеоаларм 2.0 се очекува да биде целосно функционална во септември 2021г.

About Us

Leave a reply


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.