Повторно спречена појава на град

Уште една успешна интервенција на #УХМР за спречување на појава на град со помош на авионско засејување на облаците. Во текот на 07.06.2020 година, Пелагонискиот и Преспанскиот регион беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, со што е спречена појава на град во овие региони.
Оваа нова метода за заштита од временски непогоди (град) за првпат од годинава започна да се применува во во нашата држава. Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на целата територија на нашата држава. Со овој модерен систем за заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојуваше за исплата на обештетувања.

Leave a reply


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.