ул.Скупи бр.28, 1000 Скопје, Република Македонија
+389 2 3097-004
+389 2 3097-118

17 та Неформална Конференција на Директори на Хидрометеоролошки служби од Југоисточна Европа и Постојани Претставници во Светската Метеоролошка Организација (ICSEED-17) и 4-ти Состанок на Конзорциумот на Југоисточна Европа за оперативна прогноза (SEECOP-4)

На 8 и 9ти октомври 2018 година, Република Македонија беше домаќин на 17та Неформална Конференција на Директори на Хидрометеоролошки служби од Југоисточна Европа и Постојани Претставници во Светската Метеоролошка Организација (ICSEED-17), како и 4-от Состанок на Конзорциумот на Југоисточна Европа за оперативна прогноза (SEECOP-4) кои се одржуваат во Охрид.
На состаноците присуствуваа над 40 учесници од 14 држави од регионот, како и претставници од пет меѓународни организации, меѓу кои Светската метеоролошка организација, Светската Банка и Европскиот Центар за среднорочна прогноза.
Состаноците ги отвори М-р Ивица Тодоровски, директор на Управата за Хидрометеоролошки работи и Постојан Претставник на Република Македонија во Светската Метеоролошка Организација, при што ја нагласи важноста од меѓународната соработка на хидрометеоролошките служби во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.
„Живееме во ера на глобални предизвици поврзани со климатските промени и глобалното затоплување. Сведоци сме на се’ почести природни непогоди: чести и продолжени топлотни бранови и екстремни температури, пожари, поплави, суши и други кои се со метеоролошко потекло”, истакна директорот на УХМР М-р Ивица Тодоровски. “Свесни сме дека природните непогоди се неизбежни, но со воспоставувањето на комплексен систем за рана најава и други мерки за намалување на ризици од непогоди, ќе може да се обезбедат навремени и точни прогнози на времето и климатските екстреми, кои од своја страна ќе придонесат за подобра подготвеност и намалување на негативните влијанија од непогодите. За сето ова од суштинско значење е регионалната соработка помеѓу државите и нивните метеоролошки служби.“