22 МАРТ-СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДИТЕ

,,Вреднувај ја водата“

Слатката вода претставува ограничен и драгоцен ресурс, неопходен за одржување на животот, со којшто се обезбедува социјална добросостојба, економски просперитет и здравје на екосистемот. Оттука, управувањето на водните ресусрси мора да ја третираат потребата за еднакoв пристап и нивното одржливо користење во интерес на општеството како целина.
Ова е дотолку битно, ако се знае дека хидрографската територија на Република Македонија претставува уникатен природен базен на Балканскиот полуостров и пошироко, бидејќи повеќе од 80% од водните ресурси се формираат на територијата на земјата.

Светскиот ден на водата ја слави водата и ја подигнува свеста за глобалната криза со вода, а основниот фокус на почитувањето е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG) 6: Обезбедување пристап и одржливо управување со вода и санитарни услови за сите до 2030 година

Владата на Република Северна Македонија, а пред се Управата за хидрометеролошки работи, будно ги следи барањата на Европското семејство во доменот на управувањето на водните системи и ревносно ги спроведува барањата на европските Директиви. Мерките за одржување на квантитативната и квалитативната состојба на водите, кој всушност ќе обезбеди ,, Вреднувај ја водата“ што е и мотото оваа годниа, преставуваат и една од основните мерки за спроведување на Програмата на мерки од Планот за управување на речен слив, кои Владата на Република Северна Македонија ги има зацртано во новата националана законска рамка за води, која почна да ја спроведува.
Исто така, трите основни документи за планирање и развој на управувањето на водите во Р. С. Македонија: Националната стратегија за води, Водостопанската основа на Р.С. Македонија и Планови за управување со речен слив, определуваат политика со која се обезбедува: рационално и економично користење на водите, како и заштита и ублажување на последиците од штетено дејство на водите и недостигот за вода, содржат технички и економски решенија за рационално искористување на водите, за заштита на водите од загадување и за заштита од штетно дејство на водите врз основа на принципите на одржлив развој.
Подобрувањето на квалитетот на водите преставува императив на сите државни, јавни и невладини организации, и може да се постигне само со заеднички осмислени и планирани активности и мерки.

УХМР

Leave a reply


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.