Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 22.04.2024
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 23.04.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 19°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 24.04.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 16°C до 24°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
20.04.2024
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Управата за хидрометеоролошки рабoти е орган во состав на Министерството за земјоделство.
Управата за хидрометеоролошки рабoти, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер како правно лице објавува листа на имател на информации, што се создадени и се во сопственост на Управата.
УХМР објавува хидролошки, метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки информации, дава анализа и прогноза на време.
– м-р Ивица Тодоровски,
Директор на УХМР
Изберете од понудената листа на линкови за да дознаете повеќе информации за бараната информација.