Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

УХМР на регионален состанок на хидрометеоролошките управи во Белград

На покана на Хидрометеоролошкиот завод на Србија, делегација од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, предводена од директорот Игор Лазаровски и г. Раде Балабаноски, учествуваше на регионален состанок на хидрометеоролошките управи од југоисточна Европа, кој се одржа во Белград.

На состанокот присуствуваа претставници од националните метеоролошки и хидролошки служби на Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора, Романија, Хрватска, Кипар, Бугарија, Грција, Турција, Украина и други земји. Во рамки на работните сесии беа разменети искуства и дискутирани тековните достигнувања, предизвици и идните приоритети во областа на хидрометеоролошките услуги.

Хидрометеоролошките податоци, информации и услуги се клучна основа за носење одлуки – од дневно и сезонско планирање до долгорочни инфраструктурни и развојни политики. Преку заедничка работа и размена на податоци, придонесуваме кон побезбеден, посигурен и попросперитетен свет.

Слободната и неограничена размена на метеоролошки и хидролошки податоци, производи и услуги е суштинска за националната безбедност, како и за сите сектори чувствителни на климатски промени – вклучувајќи земјоделство, транспорт, енергетика, управување со водни ресурси, здравство и други.

Секоја минута, податоци од илјадници хидрометеоролошки станици ширум светот се испраќаат до центри за прогнозирање. Тие податоци вклучуваат милиони мерења од сателити, земјени станици, метеоролошки балони, океански пловци, бродови и авиони. Без меѓународната координација и поддршка на глобалната мрежа, ниту една држава самостојно не би можела да обезбеди навремена и прецизна прогноза.

Во услови на глобални климатски предизвици и екстремни временски појави, меѓународната соработка и солидарност се поважни од било кога.

Претходно Учество на УХМР на регионален состанок со ЕУМЕТСАТ, WMO и ECMWF

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.