












Времето денес (27.01.2021 год.): Променливо облачно и студено со умерен до засилен, а во источните делови и во Повардарието со повремено силен северен ветер. На места и повеќе во североисточните делови повремено ќе провејува снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со услови за слаб снег и со слаб до умерен северен ветер.
Т = 3 °C, P = 974 hPa, U = 58 %, V = 6m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см): 31 Попова Шапка, 21 Маврови Анови, 12 Пожаране, 7 Берово, 6 Тетово, 5 Крушево, 4 Кр.Паланка, Тополчани, Ѓуриште, 2 Виница, 1 Скопје-З.Рид, Охрид, Штип.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2): 14 Кр.Паланка, 10 Тетово, Пожаране, Д.Капија, Виница, Дебар, 8 Берово, 7 Крушево, 6 Прилеп, 5 Битола, Струмица, 4 Ѓуриште, 3 3 Скопје-З.Рид, Скопје-Петровец, Штип, Гевгелија, Куманово, 2 Дојран.2












Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Минимална температура: -5 до 2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи кои ќе бидат од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќта кон сабота во западните делови и во недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе засилува северен ветер, а во сабота ветерот ќе биде силен.