Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Датум
18/10/2023 - 22/03/2023
Време
09:00 - 15:00
Локација
Ohrid

Во периодот од 18 до 22 Септемви во Охрид се одржуваше Меѓународна метеоролошка работилница “SEEMET-2023” чиј домаќин беше Управата за хидрометеоролошки работи со подршка од EUMETSAT (Европската организација за метеоролошки сателити) и ECMWF (Европскиот центар за среднорочна прогноза).
Работилницата беше наменета за над 30 учесници од оперативниот персонал на метеоролошките и хидролошките служби од Југоисточна Европа, со фокус на предизвиците за прогнозирање на конвекцијата и со посебен акцент на употребата на сателитски податоци и производи.
Предавањата и вежбите ги одржуваа домашни и експерти од EUMETSAT, ECMWF, Унгарија, Хрватска и Словенија, а учесниците ги усовршуваа вештините во анализа и прогноза на конвективно време, како и примената на сателитските податоци за секојдневното известување и прогнозирање на времето.

 

Претходно УХМР -домаќин на Глобалниот проект “Систем за најава на поплави со глобална покриеност”

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

2021 © УХМР. Сите права задржани.