Информации и услуги
Тарифник за висина на надоместокот на реално направени трошоци за вршење на услуги на давање хидрометеоролошки податоци и продукти од архивата на Управата за хидрометеоролошки работи
Одлука утврдување на висина на надоместок за вршење метеоролошки и хидролошки работи со повремени набљудувачи и стрелци
БАРАЊЕ ЗА МЕТЕОРОЛОШКИ И АГРОМЕТЕОРОЛОШКИ ПОДАТОЦИ И ПРОДУКТИ
Управата за хидрометеоролошки рабoти, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер („Службен весник на РМ“ Бр. 13/2006) и согласно член 9 и 10, како правно лице објавува Листа на имател на информации, што се создадени и се во сопственост на Управата.
Хидролошки информации:
– Слободен пристап преку годишни публикации, неделни, вонредни, преку средствата за информирање (веб страна, електронска пошта). Сите хидро-лошки параметри кои се мерат и набљудуваат од државната мрежа на хидролошки станици во Република Македонија, кои се дефинирани и кои се спремни за публицирање:
– Водостои на реките, природните езера и подземните води;
– Tемпература на површинските и подземните води;
– Протеци на вода, на водотеците и изворите;
– Пренос на суспендиран нанос во водотеците
Mетеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки информации:
– Mетеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки набљуду-вачки систем во државната мрежа;
– Mетеоролошки мерења и набљудувања во реално време
– Годишни, месечни билтени за потребите на климатологија, агроклиматологија и др.
– Mетеоролошка документација од државната мрежа.
Анализа и прогноза на време:
– Билтени за метеоролошки податоци во Р. Македонија и Европа;
– Дневни билтени за еднодневна прогноза;
– Тридневна прогноза;
– Викенд прогноза: најава на временски непогоди
Радарско следење и модификација на времето преку системот за радарска идентификација и модификација на времето (Служба за заштита од град на земјоделските култури) со инсталирани противградобијни станици во Р.Македонија;
– Радарско набљудување на атмосферата (во реално време);
– Рана најава и предупредувања за опасни временски непогоди;
– Детални информации за активноста на системот за заштита од град
Управата за хидрометеоролошки работи, како јавен сервис, ќе настојува во наредниот период да гради стратегија за зголемување на довербата помеѓу граѓаните и јавните институции.