Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Лабороторија за квалитет на води

Одделението Лабораторија за квалитет на води е надлежно за извршување на следните работни задачи

  1. Организирање и раководење
  2. Реализација на активностите од годишната Програма за следење на квалитетот на водите во Република Македонија, примена на прописите од областа на квалитетот на водите
  3. Одредување на содржина на тешки метали во површинските води и подземните води,со примена на атомска апсорбција во стационарна лабораторија
  4. Одредување на анјони, катјаони идруги субстанции во површинските води, подземните води, со примена на јонска хроматографија во стационарна лабораторија
  5. Мерења и испитувања на примероци на вода и биолошки материјал, детерминација и микроскопска обработка на примероци од планктон и бентосни алги во стационарна лабораторија
  6. Анализа на видовиот состав и концентрација на алгите во водата , нивна просторна и временска динамика, појава на воден цвет и токсични алги, воспоставување на биолошки мониторинг на водените екосистеми според РДВ на ЕУ и определување на квалитетот на водата според алгите како биолошки показател
  7. Одредување содржина на нутриенти во површинскте води, подземните води и отпадните води со помош на инструменталните техники во стационарната лабораторија
  8. Ги следи научните достигнувања од аналитичка хемија и учествува на едукативно-научните семинари и курсеви што ги организира ЕУ и други интернационални организации
  9. Учество во меѓулабораториски интеркалибрации, во земјата и надвор од неа ( светски и европски хемиски центри за спроведување на одредени програми)
  10. Вршење обуки и стручно оспособување