УХМР -домаќин на Глобалниот проект “Систем за најава на поплави со глобална покриеност”
Во рамките на меѓународната соработка која Управата за хидрометеоролошки работи ја остварува со Светската метеоролошка организација, на 19ти јуни 2023 година, во хотел Хилтон, Скопје, се одржа Втората работилница на Глобалниот проект -Систем за најава на рани поплави со глобална покриеност, на кој настан нашата држава беше домаќин. За учество на околу 200 учесници со над 70-тина држави од целиот свет, финансиска поддршка беше обезбедена од Светската метеоролошка организацијакоја е специјализирана агенција на Организацијата на Обединетите нации.
Република Северна Македонија и Управата за хидрометеоролошки работи е рамноправен партнер во борбата со справување на глобалните климатски промени и опасните временски појави, а управувањето со поплавите и особено развојот на системите за нивна рана најава, беа теми на наведената работилница.