Управата за хидрометеоролошки работи даде поддршка на европскиот проект Roadshow на Climateurope2. На настанот кој се одржа на ден 05.12.2024 година, Александра Стевков, раководител на Одделението за климатологија и климатски промени ги презентираше климатските услуги и продукти на Управата, како и очекуваните климатските промени според климатските сценарија од 4-тата комуникација за климатски промени. Патувачката климатска акција – Roadshow на Climateurope2 се одвива на вкупно 10 локации во Југоисточна Европа, а првите пет се реализирани во текот на 2024 година (Ријека, Тирана, Котор, Сараево, Скопје). Целта на оваа акција, која претставува спој на наука и уметност, е зголемување на свеста за улогата на климатските сервиси, како и запознавање на граѓаните со научните факти за климатските промени.
