Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

 

 

                                  

   

Во Управата за Хидрометеоролошки работи  е реконструиран и адаптиран простор за унапредување на капацитетите за прогностика и воспоставување на ситуациска соба со површина од 200 м2.

Проектот е финансиран од швајцарската влада а реализацијата е направена преку програмата за развој при Обединетите Нации – УНДП. Инвестицијата се состои во градежна изведба на ситуациската соба како и нејзино опремување со мебел, со електронска и компјутерска опрема.

Овој проект води кон значително подобрување на капацитетите на УХМР, што резултира со попрофесионална и поефикасна прогностика и директно придонесува за зголемување на безбедноста на населението и намалување на економските штети од временски непогоди.

 

Претходно Патувачката климатска акција пристигна и во Скопје!

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.