Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) направи значаен чекор кон унапредување на своите капацитети за прогностика и управување со хидрометеоролошки ситуации. Реконструиран и адаптиран е простор со површина од 200 м², кој сега вклучува современа ситуациска соба, опремена за поефикасно следење, анализа и предвидување на временските услови и хидролошките ризици.
Оваа инвестиција е реализирана како дел од проектот за Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион, финансиран од Владата на Швајцарија преку Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија. Проектот го имплементираше Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Новите капацитети на УХМР ќе придонесат за подобро предвидување и превенција од поплави, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните и природната околина.