Денес, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, оствари посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што изврши увид во реализираните инвестиции, процесот на модернизација и унапредувањето на техничките капацитети на Управата. Во рамки на посетата, на премиерот Мицкоски му беа презентирани новоинсталираната опрема, реализираните инвестиции и активностите што УХМР […]
На 25.06.2026 година, дел од персоналот на Секторот за квалитет на води при Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) продолжи со спроведување на надзорниот мониторинг на површинските води во сливот на реката Вардар, согласно Стратегијата за надградба на мониторингот и институционалните капацитети за анализа на површинските и подземните води, изработена во рамките на проектот „Програма за […]
СЕЗОНСКИ ИЗГЛЕД НА ВРЕМЕТО – ЛЕТО 2026 Прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи се изработени врз основа на анализи од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), Климатскиот форум за Медитеранот, како и други светски прогностички центри. Очекувањата за климатските услови во […]
Денес, Управата за хидрометеоролошки работи потпиша Меморандум за соработка со Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје Овој Меморандум за соработка претставува израз на заедничка волја и заложба за продлабочување на институционалната соработка за реализација на заеднички активности насочени кон подобрување на квалитетот […]
На 27 март 2026 година, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и репрезентативните синдикати потпишаа Колективен договор со кој се унапредуваат правата, условите за работа и социјалната сигурност на вработените во институцијата. Од страна на работодавачот, договорот го потпиша директорот на УХМР, Игор Лазаровски, додека од страна на синдикалните организации учествуваа: Конфедерацијата на слободни синдикати на […]
На 23 Март во Управата за хидрометеоролошки работи се одбележа Светскиот метеоролошки ден и Светскиот ден на водите – 22 Март. Хидрометеоролошката дејност во Македонија има долга традиција, подолг период на професионална работа и развој, што заслужува искрено почитување. Управата е стратешки важна институција која обезбедува податоци и услуги од суштинско значење за безбедноста, економијата […]
Редовниот, континуиран и сеопфатен мониторинг на површинските и подземните води претставува основа за квалитетно и одржливо управување со водните ресурси. Во таа насока, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја унапредува својата техничка и оперативна подготвеност преку набавка на нова современа опрема и две специјализирани возила. Новата опрема значително ќе ги зајакне капацитетите на УХМР за […]
Во рамките на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво. По отпочнувањето на интервенциите во Прилеп и Битола, следниот значаен чекор е модернизацијата на главната метеоролошка станица во Штип. Со оваа инвестиција ќе се […]
По повеќе од половина век, зградата на Управата за хидрометеоролошки работи, проект на архитектот Крсто Тодоровски и изградена во 1973 година, конечно ќе биде модернизирана согласно најновите стандарди за енергетска ефикасност. Објектот ќе помине низ детална енергетска контрола, по што ќе се дефинираат конкретните мерки за негово обновување. Планираните интервенции опфаќаат: поставување топлинска изолација на […]
Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски, и деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески, денес потпишаа Меморандум за соработка кој отвора нови перспективи за развој на современи знаења и практични вештини во областите поврзани со животната средина, климатските промени и техничките науки. Со ова партнерство: се зајакнува поврзаноста меѓу науката и практиката, […]