На покана на министерот за животна средина, клима и енергетика на Словенија, Бојан Кумер, денес, во Брдо кај Крањ, учествуваше делегација од УХМР, на конференцијата за предизвиците во адапација кон климатските промени во регионот на Југоисточна Европа.
Целта на конференцијата е унапредување на дијалогот со министерствата и управите надлежни за работите од хидро-метеорологијата во регионот со цел координирана акција за адаптација кон климатските промени и рана превенција од временски непогоди.
На конференцијата се разговараше за регионалната соработка, со цел надминување на слабостите во процесите на изработка и спроведување на националните акции за адаптација во областа клима.
Беа остварени и билатерални средби со претставници на Хидрометеоролошките сервиси од Словенија, Република Српска, Босна, Србија, Црна Гора, Кипар, Грција и Бугарија со кои разменивме мислења околу развој на досегашната соработка.
