Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Реновирање на главните метеоролошки станици Прилеп и Битола

Во рамките на програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во тек се активности за реновирање на главните метеоролошки станици во Прилеп и Битола.

Овие инвестиции претставуваат значаен чекор за унапредување на квалитетот на метеоролошките мерења и обезбедување на прецизни податоци кои се од суштинско значење за земјоделството, управувањето со водните ресурси и заштитата од климатски ризици.

Покрај овие активности, планирано е реновирање и модернизација и на главната метеоролошка станица во Охрид, како и на станицата во Штип, со што ќе се овозможи поефикасно следење на временските услови и подобра поддршка за локалните земјоделски заедници.

Со оваа поддршка, се зајакнува националната метеоролошка инфраструктура и се придонесува кон развој на посигурни метеоролошки услуги за земјоделците ширум државата.

Претходно Санацијата на куполата на радарот во Ѓуриште успешно завршена

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.