На ден 20.05.2021 година Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје го имаа првото дејство врз градоносни облаци со авионско засејување во 2021 година со вкупно 17 палки.
Првото успешно дејство беше во регионот на Овче Поле, се дејствуваше од 13:50 часот до 14:05 часот со 6 палки врз потенцијално опасен градоносен облак, кој во понатамошниот тек даде појава на пороен дожд.
Второто успешно дејство беше во Скопско-Кумановскиот регион, се дејствуваше од 14:47 часот до 15:08 часот со 6 палки, врз градоносен облак кој даде појава на ретка суградица. Во периодот од 15:56 часот до 16:00 часот се дејствуваше во општина Лозово врз потенцијално градоносен облак со 5 палки, кој даде појава на пороен дожд.