Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Потпишани договори за финансиска поддршка на Управата за хидрометеоролошки работи од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишавме договори за финансиска поддршка во вкупен износ од 17.500.000 денари.

Оваа финансиска поддршка е обезбедена врз основа на поднесеното барање од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, со цел инвестициони вложувања за:

  • санација на метеоролошки станици,

  • набавка на хардвер и софтвер за хидрометеоролошка опрема и радарски систем,

  • набавка на мали метеоролошки станици,

  • техничка поддршка за одржување на системите за наводнување и одводнување.

Средствата се доделени преку Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година, дел II став (2), мерка 1 – Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој, подмерка 1.7 – Други трошоци и инвестициони вложувања, точка 1.7.5.

Редовната, навремена и точна хидрометеоролошка информација е од клучно значење за заштита на земјоделското производство од временски непогоди. Како Управа, остануваме посветени на унапредување на капацитетите за набљудување, анализа и известување.

Претходно УХМР на регионален состанок на хидрометеоролошките управи во Белград

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.