Во рамки на „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) како корисник доби две наменски теренски возила. Овие возила ќе овозможат поефикасна работа на терен при следење, мерење и евидентирање на подземните и површинските води.
Дополнително, во наредниот период се очекува и пристигнување на специјализирана техничка опрема со цел понатамошно зајакнување на техничките капацитети на УХМР.
Програмата, која се спроведува до крајот на 2027 година, има за цел да обезбеди долгорочна трансформација во управувањето со водните ресурси, подобрување на законската рамка и јакнење на институциите, меѓу кои и УХМР како клучен партнер во две од трите програмски компоненти.