Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Нови теренски возила за УХМР преку Програмата за подземни води

Во рамки на „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) како корисник доби две наменски теренски возила. Овие возила ќе овозможат поефикасна работа на терен при следење, мерење и евидентирање на подземните и површинските води.

Дополнително, во наредниот период се очекува и пристигнување на специјализирана техничка опрема со цел понатамошно зајакнување на техничките капацитети на УХМР.

Програмата, која се спроведува до крајот на 2027 година, има за цел да обезбеди долгорочна трансформација во управувањето со водните ресурси, подобрување на законската рамка и јакнење на институциите, меѓу кои и УХМР како клучен партнер во две од трите програмски компоненти.

Претходно Потпишани договори за финансиска поддршка на Управата за хидрометеоролошки работи од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.