Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

УХМР започнува целосна реконструкција и енергетска обнова на зградата – 52 години по нејзината изградба!

По повеќе од половина век, зградата на Управата за хидрометеоролошки работи, проект на архитектот Крсто Тодоровски и изградена во 1973 година, конечно ќе биде модернизирана согласно најновите стандарди за енергетска ефикасност.

Објектот ќе помине низ детална енергетска контрола, по што ќе се дефинираат конкретните мерки за негово обновување. Планираните интервенции опфаќаат:

  • поставување топлинска изолација на фасадата,

  • целосна замена на прозорците со високо ефикасни елементи,

  • инсталација на соларни системи за подготовка на топла вода,

  • поставување фотоволтаици на кровната конструкција,

  • воведување современи системи за греење, осветлување и автоматска контрола на потрошувачката.

Овие мерки имаат за цел значително да ги намалат трошоците за енергија на институцијата и да обезбедат стабилно и одржливо функционирање во следните децении.

Со реконструкцијата се очекува и намалување на емисиите на CO₂, што претставува важен придонес кон подобар квалитет на воздухот и поголема еколошка одговорност на УХМР.

Оваа интервенција претставува стратешки чекор напред кон современа, енергетски ефикасна и функционална институција, подготвена за идните предизвици во областа на метеорологијата и хидрологијата.

Претходно Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УХМР и Машински факултет – нов чекор кон унапредување на едукацијата, истражувањето и заштитата на животната средина

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.