Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски, и деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески, денес потпишаа Меморандум за соработка кој отвора нови перспективи за развој на современи знаења и практични вештини во областите поврзани со животната средина, климатските промени и техничките науки.
Со ова партнерство:
-
се зајакнува поврзаноста меѓу науката и практиката,
-
се создаваат подобри услови за едукација и професионален развој на идните инжинери и стручни лица,
-
се иницираат заеднички истражувања, проекти и настани од заемен интерес,
-
се отвораат можности за практична обука во реални хидрометеоролошки и инжинерски системи.
Ова е уште еден значаен чекор во насока на подобрување на националните капацитети за мониторинг, анализа и заштита на животната средина.
Продолжуваме со успешната работа и со градење силни партнерства за подобра и поодржлива иднина.
