Во периодот од 18 до 22 Септемви во Охрид се одржуваше Меѓународна метеоролошка работилница “SEEMET-2023” чиј домаќин беше Управата за хидрометеоролошки работи со подршка од EUMETSAT (Европската организација за метеоролошки сателити) и ECMWF (Европскиот центар за среднорочна прогноза).
Работилницата беше наменета за над 30 учесници од оперативниот персонал на метеоролошките и хидролошките служби од Југоисточна Европа, со фокус на предизвиците за прогнозирање на конвекцијата и со посебен акцент на употребата на сателитски податоци и производи.
Предавањата и вежбите ги одржуваа домашни и експерти од EUMETSAT, ECMWF, Унгарија, Хрватска и Словенија, а учесниците ги усовршуваа вештините во анализа и прогноза на конвективно време, како и примената на сателитските податоци за секојдневното известување и прогнозирање на времето.