Денес, Управата за хидрометеоролошки работи потпиша Меморандум за соработка со Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје
Овој Меморандум за соработка претставува израз на заедничка волја и заложба за продлабочување на институционалната соработка за реализација на заеднички активности насочени кон подобрување на квалитетот на услугите што ги обезбедуваат двете институции.
Со потпишувањето на овој Меморандум, двете страни се обврзуваат на воспоставување техничка и експертска соработка во насока на:
• унапредување на националниот систем за надзор и безбедност на воздушниот простор;
• подобрување на размената и користењето на метеоролошки, радарски и сателитски податоци;
• јакнење на капацитетите на двете институции преку заеднички активности, обуки и координација со европски и меѓународни организации.