Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Нов дигитален предавател за радарскиот систем WSR-74 лоциран на Главен метеоролошки радарски центар Ѓуриште

Управата за хидрометеоролошки работи успешно ја реализира набавката и инсталацијата на нов дигитален предавател за радарскиот систем WSR-74 лоциран на Главен метеоролошки радарски центар Ѓуриште. Со оваа инвестиција се заокружува процесот на модернизација на радарската мрежа на УХМР, со што значително се унапредува капацитетот за следење и рано предупредување од опасни конвективни појави, вклучително и градоносни облаци, силни невремиња и интензивни врнежи.

Новиот дигитален предавател е со најсовремени технолошки карактеристики, обезбедува висока стабилност, зголемена моќност и сигурност во работењето, како и целосна дигитална контрола и автоматско следење на сите работни параметри. Со неговата имплементација се елиминираат досегашните проблеми предизвикани од застарениот аналоген предавател, кој беше подложен на чести дефекти и недостапност на резервни делови на светскиот пазар.

По инсталацијата, економскиот оператор спроведе успешни функционални тестирања, со што радaрот беше предаден во целосно исправна состојба и ставен во оперативна функција. Со овој исклучително значаен чекор, УХМР ја зголеми сигурноста во системот за рано предупредување и го подобри квалитетот на метеоролошките податоци кои се од критично значење за заштита на населението, земјоделството, инфраструктурата и економските активности.

Оваа инвестиција претставува дел од стратешката определба на Управата за целосна модернизација на системите за метеоролошко набљудување и приближување кон европските и светските стандарди во областа на оперативната метеорологија и климатските услуги.

   

Претходно Реновирање на главните метеоролошки станици Прилеп и Битола

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.