Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Реновирање на главните метеоролошки станици Охрид и Штип

Во рамките на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво.

По отпочнувањето на интервенциите во Прилеп и Битола, следниот значаен чекор е модернизацијата на главната метеоролошка станица во Штип. Со оваа инвестиција ќе се подобри следењето на температурните екстреми, врнежите и ветерот во Источниот регион, што е од особено значење за земјоделското производство, управувањето со водите и навременото реагирање на климатските ризици.

Паралелно со тоа, планирано е и реновирање на главната метеоролошка станица во Охрид, која претставува клучна точка за мониторинг на климатските услови во југозападниот дел од државата и околината на Охридското Езеро. Со модернизацијата ќе се обезбеди поголема точност и доверливост на податоците, неопходни за поддршка на земјоделските активности, туризмот и заштитата на овој чувствителен екосистем.

Со овие вложувања значително се зајакнува националната метеоролошка инфраструктура, се унапредуваат капацитетите за следење на временските услови и се обезбедува повисок квалитет на метеоролошките услуги за земјоделските производители ширум државата.

Претходно УХМР започнува целосна реконструкција и енергетска обнова на зградата – 52 години по нејзината изградба!

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.