Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Спроведување на надзорниот мониторинг на површинските води во сливот на реката Вардар, “Програма за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија – Фаза 1“.

На 25.06.2026 година, дел од персоналот на Секторот за квалитет на води при Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) продолжи со спроведување на надзорниот мониторинг на површинските води во сливот на реката Вардар, согласно Стратегијата за надградба на мониторингот и институционалните капацитети за анализа на површинските и подземните води, изработена во рамките на проектот „Програма за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија – Фаза 1“.

Програмата е иницијатива на Владата на Швајцарија, под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ја спроведува конзорциумот Skat Consulting Ltd и PointPro Consulting Ltd.

Стратегијата воспоставува рамка за спроведување на надзорен мониторинг во согласност со Рамковната директива за води (WFD 2000/60/ЕУ), преку воспоставување на 80 мониторинг станици за површински водни тела (SWB) и 90 мониторинг станици за подземни водни тела (GWB) во сливот на реката Вардар. Резултатите од овој мониторинг претставуваат клучна основа за изработка на Планот за управување со сливот на реката Вардар (ПУРС).

Надзорниот мониторинг го спроведува УХМР преку теренско земање на примероци и лабораториски анализи на површинските води, за определување на еколошкиот и хемискиот статус на површинските водни тела.

На теренската екипа која вршеше земање на примероци од површинските води ѝ се придружи и директорот на УХМР, г. Игор Лазаровски, кој се запозна со текот на активностите и начинот на нивната реализација.

 

 

Претходно СЕЗОНСКИ ИЗГЛЕД НА ВРЕМЕТО – ЛЕТО 2026

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.