Од 7 до 8 април во Подгорица УХМР учествуваше на регионален состанок на претставници на хидрометеоролошките служби со ЕУМЕТСАТ, Светска метеоролошка организација – WMO и Европскиот центар за средорочна прогноза – ECMWF. На средбата се разменија искуства во врска со користењето на податоци од метеоролошките сателити од втора генерација како и предностите кои ги има новата – трета генерација на метеоролошки сателити кои овозможуваат 50 пати повеќе податоци од втората генерација на метеоролошки сателити. Третата генерација на геостационарни метеоролошки сателити ќе донесат големи позитивни промени во изготвување прогозата во Европа и пошироко во наредните 20 години. Податоците од овие сателити ќе бидат почеси, попрецизни и со повеќе канали. MTG-S сателитите меѓу другото ќе овозможуваат на 30 минути податоци за вертикалните профили на температура и влажност со огромна точност од геостационарна орбита а преку ултравиолетови сензори на 60 минути ќе има податоци и за аеросолите, озон, нитроген диоксид и сулфур диоксид. Прогонзерите ќе можат попрецизно преку тридимензионална слика да го следат движењето на водена пареа, облаците како и движењето на емисиите од пепел од вулкани, чад од пожари, прашина од Сахара и друго. На состанокот е договорена донација за УХМР на комплетна комјутерска опрема (хардвер и софтвер) како и ресивер за прием, складирање и обработка на податоците од третата генерација на метеролошки сателити.
