Силни партнерства за прекугранична климатска безбедност на езерата и реките низ Балканскиот Полуостров!
Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија 🇲🇰 – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Државниот инспекторат за животна средина и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) и SeaCras 🇭🇷.
Овој договор претставува значаен чекор напред во усогласување на научните истажувања, сателитските и AI технологии, и институционалното знаење и оперативен капацитет за заштита на прекуграничните водни тела кои се важни ресурси споделени помеѓу повеќе држави во регионот.
И фразата „sharing is caring“ тука добива ново, многу посериозно значење:
➡️ загадувањето и безбедносните ризици се споделени меѓу државите
➡️ водниот дефицит и климатските промени ги прават овие водни резервоари уште поранливи
Партнерството има за цел долгорочно зајакнување на капацитетите на сите партнери со фокус на:
-
трансфер на знаење врз основа на политика на отворена наука
-
имплементација на технологии и споделување на податоци
-
изработка на висококвалитетни, применливи планови за рано предупредување и реакција
-
и најважното: обединување на луѓето околу заедничка цел – климатска безбедност на водните ресурси
Ова ново партнерство покажува како прекуграничната соработка, комбинацијата на податоци, иновации и јавна експертиза може да направи ВИСТИНСКА разлика во справувањето со денешните еколошки предизвици.