Нова хидрометриска опрема за УХМР – Сектор Хидрологија преку Програмата за подземни води
Во рамки на „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) – Сектор Хидрологија како корисник доби нова хидрометриска опрема, поточно: Нови 14 инструменти за мерење на ниво и температура на вода – Dipper PT. За пет од овие 14 инструменти обезбедени се модеми (SlimCom SEBA) кои ќе овозможат онлај поврзување со УХМР.
Овие инструменти ќе овозможат точни и прецизни мерења на нивоата на водите во алувијалните рамнини на територијата на Република Македонија, поефикасна работа на терен и навремено обезбедување на хидролошки информации од водните ресурси во нашата држава.

Мерна опрема за хидролошки мониторинг на подземни води

Модем за онлајн пренос на податоци