Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Силни партнерства за прекугранична климатска безбедност на езерата и реките низ Балканскиот Полуостров!

Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија 🇲🇰 – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Државниот инспекторат за животна средина и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО)  и SeaCras 🇭🇷.

Овој договор претставува значаен чекор напред во усогласување на научните истажувања, сателитските и AI технологии, и институционалното знаење и оперативен капацитет за заштита на прекуграничните водни тела кои се важни ресурси споделени помеѓу повеќе држави во регионот.

И фразата „sharing is caring“ тука добива ново, многу посериозно значење:

➡️ загадувањето и безбедносните ризици се споделени меѓу државите

➡️ водниот дефицит и климатските промени ги прават овие водни резервоари уште поранливи

Партнерството има за цел долгорочно зајакнување на капацитетите на сите партнери со фокус на:

  • трансфер на знаење врз основа на политика на отворена наука

  • имплементација на технологии и споделување на податоци

  • изработка на висококвалитетни, применливи планови за рано предупредување и реакција

  • и најважното: обединување на луѓето околу заедничка цел – климатска безбедност на водните ресурси

Ова ново партнерство покажува како прекуграничната соработка, комбинацијата на податоци, иновации и јавна експертиза може да направи ВИСТИНСКА разлика во справувањето со денешните еколошки предизвици.

Претходно Нова хидрометриска опрема за УХМР за мерење ниво на подземни води – Сектор Хидрологија преку Програмата за подземни води

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.