Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УХМР и Машински факултет – нов чекор кон унапредување на едукацијата, истражувањето и заштитата на животната средина

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски, и деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески, денес потпишаа Меморандум за соработка кој отвора нови перспективи за развој на современи знаења и практични вештини во областите поврзани со животната средина, климатските промени и техничките науки.

Со ова партнерство:

  • се зајакнува поврзаноста меѓу науката и практиката,

  • се создаваат подобри услови за едукација и професионален развој на идните инжинери и стручни лица,

  • се иницираат заеднички истражувања, проекти и настани од заемен интерес,

  • се отвораат можности за практична обука во реални хидрометеоролошки и инжинерски системи.

Ова е уште еден значаен чекор во насока на подобрување на националните капацитети за мониторинг, анализа и заштита на животната средина.

Продолжуваме со успешната работа и со градење силни партнерства за подобра и поодржлива иднина.

Претходно Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.