Во периодот од 3-4 мај, во Брдо кај Крањ, се одржа 20-та Конференција на директори на хидрометеоролошки служби од Југоисточна Европа на која покрај претставници од 14 држави, учествуваше и делегација од Управата за хидрометеоролошки работи, предводена од директорот М-р Ивица Тодоровски, кој ги презентираше тековните активности на УХМР. На конференцијата исто така беа презентирани подготвителните активности за 19-тиот Конгрес на Светската метеоролошка оганизација, тековните активности на Европскиот центар за краткорочна прогноза (ECMWF) и Европската организацијата на хидрометеоролошки служби (EUMETNET), а беше претставена најновата иницијата на СМО за рана најава на временски непогоди (WMO EW4All Initiative).