Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Oдржана Регионална конференција на Регионот VI (Европа) во Женева

Во периодот од 2-4 Ноември 2022, во седиштето на Светската метеоролошка организација-СМО се одржа Регионална конференција на Регионот VI (Европа) на тема: Идната улога на Националните хидрометеоролошки служби на која учествуваше делегација на Управата за хидрометеоролошки работи предводена од директорот м-р Ивица Тодоровски.

За време на промоцијата на првиот  Извештај за состојбата на климата во Европа во 2021, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  – Љупчо Николовски во он-лајн обраќање ја истакна важноста на метеоролошките служби на државите за обезбедување навремени и прецизни предупредувања за временските непогоди и климатски екстремни настани со цел за ефикасно справување со можните последици и заштита на животите и благосостојбата на граѓаните.

За време на конференцијата беше покрената иницијатива за заеднички проект за управување со сушите во басенот на реката Дрим со постојаните претставници на државите од регионот во СМО, и посебно беше истакната загрижувачката состојба со Преспанското Езеро.

Исто така беше потврдена посветеноста на нашата држава, на својот пат кон евроинтеграциите, да учествува во активностите на Регионот  VI (Европа) и Светската метеоролошка организација.

 

 

Претходно Интервју на Директорот на УХМР Ивица Тодоровски во емисијата Бразди на Канал 5 од 05.06.2022 година

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

2021 © УХМР. Сите права задржани.