Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Премиерот Христијан Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи

Денес, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, оствари посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што изврши увид во реализираните инвестиции, процесот на модернизација и унапредувањето на техничките капацитети на Управата.

Во рамки на посетата, на премиерот Мицкоски му беа презентирани новоинсталираната опрема, реализираните инвестиции и активностите што УХМР ги спроведува во насока на модернизација и подобрување на хидрометеоролошкиот систем.

Премиерот Мицкоски истакна дека, покрај инвестициите во современа опрема, еден од клучните предизвици е обезбедувањето стручен и соодветно обучен кадар, кој ќе може целосно да ги искористи новите технички капацитети и да обезбедува квалитетни и релевантни податоци потребни за креирање стратегии и политики.

Воедно, Претседателот на Владата ја истакна добрата функционалност на УХМР, нагласувајќи дека Управата како институција функционира одлично и изрази очекување дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период. Тој посочи дека Владата, во рамките на можностите, ќе продолжи да ги поддржува проектите насочени кон понатамошен развој и модернизација на УХМР.

Посетата претставува значајна потврда за важноста на хидрометеоролошката дејност и потребата од континуирано вложување во современа опрема, стручен кадар и јакнење на институционалните капацитети.

УХМР продолжува посветено да работи на модернизација и унапредување на своите системи и услуги, со цел обезбедување навремени, точни и сигурни хидролошки, метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки информации во интерес на државата и граѓаните.

Претходно Спроведување на надзорниот мониторинг на површинските води во сливот на реката Вардар, “Програма за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија – Фаза 1“.

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.