Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Управата за хидрометеоролошки работи ја зајакнува националната мрежа за мониторинг на водите

Редовниот, континуиран и сеопфатен мониторинг на површинските и подземните води претставува основа за квалитетно и одржливо управување со водните ресурси. Во таа насока, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја унапредува својата техничка и оперативна подготвеност преку набавка на нова современа опрема и две специјализирани возила.

Новата опрема значително ќе ги зајакне капацитетите на УХМР за спроведување на хидролошки, хемиски и еколошки мониторинг, овозможувајќи попрецизно следење на состојбата на водните тела на национално ниво. Со тоа се создаваат услови за подобра проценка на хемискиот и еколошкиот статус на водите, во согласност со националното законодавство и европските директиви.

Како национална референтна институција во областа на хидрометеорологијата и мониторингот на водите, УХМР има клучна улога во обезбедувањето на квалитетни и доверливи податоци за планирање, заштита и одржливо користење на водните ресурси. Овие активности претставуваат значаен придонес кон изработката на првиот План за управување со сливот на реката Вардар и кон успешна имплементација на Програмата за управување, користење и заштита на водите во Република Македонија.

🎬 Погледнете го видеото и дознајте како модернизацијата на мониторинг-системот на УХМР придонесува за поефикасна заштита на водите и подобро управување со водните ресурси на национално ниво.

Претходно Реновирање на главните метеоролошки станици Охрид и Штип

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.