14/07/2025
Нова хидрометриска опрема за УХМР – Сектор Хидрологија преку Програмата за подземни води
Во рамки на „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) – Сектор Хидрологија како корисник доби нова хидрометриска опрема, поточно: два комплета хидрометриски крила со елиси, едно елоктромагнетно крило за мерење на брзини во услови на мали движења на водата, еден кондуктивиметар за определување на брзина со метод на раствори и еден акустичен доплеров инструментт за мерење на брзини на вода и речен профил (ADCP) StreamPro. Овие инструменти ќе овозможат точни и прецизни мерења на протекувањата на водите во реките и изворите во Република Македонија, поефикасна работа на терен и навремено обезбедување на хидролошки информации од водните ресурси во нашата држава. […]

