










Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег.










Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 7°С до 12°C

Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Од вторник ќе преовладува променливо и врнежливо време. Уште од ноќта кон вторник ќе има зголемена облачност и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег. Од вторник кон крајот на денот на запад и на север дождот ќе поминува во снег и на повисоките места. Овие врнежи повремено ќе се поинтензивни (над 25 л/м2) особено во западните делови и на југ.