Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Прогноза за 27.03.2023
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен север ветер што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминат во слаб снег.
Прогноза за 28.03.2023
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Во југозападните и крајните западни делови ќе провејува снег.
Прогноза за 29.03.2023
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
25.03.2023
Утре ќе се задржи топло и стабилно време.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.
Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури.
Управата за хидрометеоролошки рабoти е орган во состав на Министерството за земјоделство.
Управата за хидрометеоролошки рабoти, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер како правно лице објавува листа на имател на информации, што се создадени и се во сопственост на Управата.
УХМР објавува хидролошки, метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки информации, дава анализа и прогноза на време.
– м-р Ивица Тодоровски,
Директор на УХМР
Изберете од понудената листа на линкови за да дознаете повеќе информации за бараната информација.
ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија