Телефон: +389 2 3097-105
Е-пошта: uhmr@meteo.gov.mk

Алатка:
Отчетност за трошоци

Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Силни партнерства за прекугранична климатска безбедност на езерата и реките низ Балканскиот Полуостров! Формализирано е квадрилатерално партнерство помеѓу три клучни национални институции во Северна Македонија 🇲🇰 – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Државниот инспекторат за животна средина и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО)  и SeaCras 🇭🇷. Овој договор претставува значаен чекор напред во […]

Нова хидрометриска опрема за УХМР за мерење ниво на подземни води – Сектор Хидрологија преку Програмата за подземни води

Нова хидрометриска опрема за УХМР – Сектор Хидрологија преку Програмата за подземни води Во рамки на „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) – Сектор Хидрологија како корисник доби нова хидрометриска опрема, поточно: Нови 14 […]

Нов дигитален предавател за радарскиот систем WSR-74 лоциран на Главен метеоролошки радарски центар Ѓуриште

Управата за хидрометеоролошки работи успешно ја реализира набавката и инсталацијата на нов дигитален предавател за радарскиот систем WSR-74 лоциран на Главен метеоролошки радарски центар Ѓуриште. Со оваа инвестиција се заокружува процесот на модернизација на радарската мрежа на УХМР, со што значително се унапредува капацитетот за следење и рано предупредување од опасни конвективни појави, вклучително и […]

Реновирање на главните метеоролошки станици Прилеп и Битола

Во рамките на програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во тек се активности за реновирање на главните метеоролошки станици во Прилеп и Битола. Овие инвестиции претставуваат значаен чекор за унапредување на квалитетот на метеоролошките мерења и обезбедување на прецизни податоци кои се од суштинско значење за земјоделството, управувањето […]

Санацијата на куполата на радарот во Ѓуриште успешно завршена

Завршени се градежно-техничките работи за целосна санација на куполата на метеоролошкиот радар WSR-74 на Радарскиот центар Ѓуриште. Со овој зафат се обезбедува продолжување на животниот век на системот за повеќе од една деценија, како и значително подобрување на квалитетот на податоците. Санацијата вклучи замена на оштетени панели, целосна заштита од сончево зрачење и атмосферски влијанија, […]

Нови теренски возила за УХМР преку Програмата за подземни води

Во рамки на „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) како корисник доби две наменски теренски возила. Овие возила ќе овозможат поефикасна работа на терен при следење, мерење и евидентирање на подземните и површинските води. […]

Потпишани договори за финансиска поддршка на Управата за хидрометеоролошки работи од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишавме договори за финансиска поддршка во вкупен износ од 17.500.000 денари. Оваа финансиска поддршка е обезбедена врз основа на поднесеното барање од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, со цел инвестициони вложувања за: санација на метеоролошки станици, набавка на хардвер и софтвер за хидрометеоролошка опрема и радарски […]

УХМР на регионален состанок на хидрометеоролошките управи во Белград

На покана на Хидрометеоролошкиот завод на Србија, делегација од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, предводена од директорот Игор Лазаровски и г. Раде Балабаноски, учествуваше на регионален состанок на хидрометеоролошките управи од југоисточна Европа, кој се одржа во Белград. На состанокот присуствуваа претставници од националните метеоролошки и хидролошки служби на Словенија, Босна и Херцеговина, […]

Учество на УХМР на регионален состанок со ЕУМЕТСАТ, WMO и ECMWF

Од 7 до 8 април во Подгорица УХМР учествуваше на  регионален состанок на претставници на хидрометеоролошките служби со ЕУМЕТСАТ, Светска метеоролошка организација – WMO и Европскиот центар за средорочна прогноза – ECMWF. На средбата се разменија искуства во врска со користењето на податоци од метеоролошките сателити од втора генерација како и предностите кои ги има […]

Потпишан меморандум за програмата за управување, користење и заштита на подземните води во нашата земја

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски, потпишаа меморандум со амбасадорката од Швајцарија Вероник Улман. Овој меморандум служи за договорање на взаемна соработка на проектот Оваа Програма се воспоставува за […]

Адреса

ул. Скупи бр. 28, 1000 Скопје, Република С. Македонија

+389 2 3097 105
uhmr@meteo.gov.mk

Метеорологија

Хидрологија

Квалитет на води

2021 © УХМР. Сите права задржани.